Тулумба Татлиси - сладок десерт
Состојки
- шербет
- 650 мл вода
- 650 гр шеќер
- 1 цитрон или лимон ( тоа е по желба )
- за тестото
- 350 мл вода
- 100 гр путер
- 400 гр брашно
- 5 гр сол
- 1 лажица гриз
- 3 јајца
- 1 ванила
- 1 пециво
Подготовка
Ајде малку да ве облажам денес.
Во тенџере на оган ги ставаме путерот и водата да провријат.
Штом се растопува путерот пополека го додаваме брашното кое е помешано со солта и пецивото. Мешаме пополека да се соедини смесата и пропржуваме 5-6 минути.
Ја вадиме скоро соединетата смеса во стаклен сад, па додаваме ванила и гриз. Потоа ги кршиме трите јајца едно по едно и пополека го замесуваме тестото. Излегува лепливо и меко тесто. На страна капнете некоја капка масло за да ја мачкате раката да не ви лепи.
Земајте по малку од тестото и оформете топче. Полека сплескајте го топчето како што е пркажано на помошниве слики. Намрсете го малото прсте па дупнете во средина на топчето. Убаво оформете го тркалцето и редете на намастен плех. Маслото зовријте го и пуштајте ги тркалцата да се пржат. Првртувајте ги во пржењето нека се испржат од двете страни и да добијат златна боја.
Извадете ги од маслото и пуштајте ги во претходно подготвениот шербет. Нека постојат половина час да изладат во шербетот. Потоа ако сакате вадете ги од шербетот, а ако сакате само вадете си по потреба.
Масло се става отприлика 500 гр. Значи зависи во колкав сад ќе ги пржите. Важно е да пливаат тулумбичките во масло
Шербетот се подготвува прв. Да излади додека се прават тулумбичките.
Не знам дали треба да објаснувам за подготовка на шербет, ама ајде за младите домаќинки знаат како треба. Се ставаат шеќерот и водата да зовријат.
Се додаваат лимоните сецкани на тркалца
Вријат на тивко околу 30 минути да се згусне шербетот.
На здравје со овој сладок десерт.