Испечати

Посен десерт во чаша

Посен десерт во чаша

Состојки

  • За белиот дел
  • 1,3 л вода
  • 15 лажици шеќер
  • 6 лажици оризово млеко во прав
  • 50 гр кокос
  • 250 гр гриз
  • За чоколадниот дел
  • 1 л вода
  • 3 пудинга од чоколадо
  • 12 лажици шеќер
  • 100 гр посно чоколадо
  • 6 лажици оризово млеко во прав

Подготовка

Лесен посен десерт и за правење и за јадење. Ви препорачувам да го пробате сите кои постите без масло.

1. Водата со оризовото млеко ја ставаме да врие, па го додаваме шеќерот, гризот и кокосот. Оставаме малку да поврие, да се свари гризот и да се згусне. Веднаш го истураме во чашки.
2. Водата и оризовото млеко ја ставаме да почне да врие, па го ставаме растворениот пудинг со шеќерот (претходно тргаме од водата малку на страна и го раствораме пудингот во неа). Откако ќе згусне со постојано мешање, го тргаме на страна пудингот и додаваме чоколадо да се стопи во него( при тоа мешаме).
Го истураме и чоколадниот дел врз белиот дел. Оставаме да се излади.

Забелешка
Порано кога го правев десертов, го ставав во тавче и го сечев на коцки. Сега ми е вака попрактично, па вака си го правам. Инаку од оваа доза ми излегоа околу 10 вакви чашки. Ако ви е многу поделете си ги состојките.