Испечати

Лесни пилешки џигерчиња

Лесни пилешки џигерчиња

Состојки

  • 500 гр пилешки џигерчиња
  • 3 главици кромид
  • 3 моркови

Подготовка

Најпрво ги подваруваме џигерчињата (водата ја сменувам неколку пати).
На тивок оган го ставаме претходно ситно исецканиот кромид и морковот исецкан на поголеми парчиња со малку масло и вода. Вода додавам додека кромидот убаво омекни.
Откако ќе се сварат џигерчињата ги додавам во кромидот заедно да крчкаат.
Зачини може да додадете по желба јас додадов вегета,сол и бибер.