Ослич со компир и сос од домати
Состојки
- 800 гр ослич
- 1,200кг компир
- 600 мл сос од домати
- 4 чешчиња лук
- 1 лажица шеќер
- 1 лажица брашно
- 1 чаша (250 мл ) вода вода
- 200 гр растителен кашкавал
- по потреба сол и бибер и масло
Подготовка
Компирот го лупиме и ставаме да се вари.
Сосот од домати го ставаме да вари и повремено го промешуваме додека да се згусти сосот. Ја додаваме водата, шеќерот сол и бибер.
Брашното го раствараме во малку вода и го додаваме кај сосот мешајки оставаме да проврие 2-3 минути и го тргаме сосот. Лукот го сецкаме и додаваме во сосот може и магдонос да додадете доколку сакате.
Рибата ја чистиме од кожата ја посолуваме малку и сечеме на половина. Ја пржиме во масло, но не многу колку да се зацрви од двете страни.
Компирот го пасираме посолуваме зачинуваме го додаваме маслото во кое се пржеше рибата. Ако е многу сув компирот додаваме и малку вода да добиеме густо пире.
Тавата ја намрсуваме со масло го ставаме пирето потоа парчињата риба малку ги натискаме во пирето и одозгора го распоредуваме сосот од домати и рендаме кашкавал. Тавата ја ставаме во загреена релна на 190 степени околу 20 до 30 минути додека да се запече одозгора.