Испечати

Пиде-спремано по рецептот на Ahmet Kocht

Пиде-спремано по рецептот на Ahmet Kocht

Состојки

  • Полнеж или фил
  • 500 гр мелено телешко месо
  • 2 млади лукчиња
  • 2 млади кромитчиња
  • 1 голем патлиџан црвен
  • 4 шери домати
  • 1 црвена пиперка
  • 3 зелени пиперки
  • 5 гранчиња магдонос + зачин по вкус
  • За прелевање
  • 2 јајца
  • Тесто
  • 1 јајце
  • 5 лажици кисело млеко
  • 1 чаша вода ( 200 гр е чашата )
  • 1 чаша масло
  • 1 сув квасец
  • 2 мали лажици шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 20 лажици брашно (со пупа полни лажиците.)
  • За пржење
  • 1 лажица путер
  • 100 мл масло

Подготовка

Талкајќи по интернетот наидов на интересен рецепт па решив да го пробам, а потоа и да го споделам со вас.
Испадна навистина вкусно, па еве да ви го преставам начинот на подготовка.
Земаме тава и го загреваме путерот додавајќи му го маслото.
Го пржиме ситно сецканиот кромид.
Додаваме ситно сецкан лук, потоа доматите и пиперките.
Откако убаво ќе се пропржат го додаваме месото и зачинуваме.
Пред крајот ги додаваме шери патлиџанчињата и сецканиот магдонос.
Оставаме на страна и одиме со подготовка на тестото.

Јајцето, киселото млеко, водата, маслото, шеќерот и квасецот ги матиме со маталка.
Постепено додаваме брашно помешано со солта.
Замесуваме меко тесто и оставаме да одмори 30 минути.
Потоа го земаме тестото и го префрламе на набрашнета површина размесувајќи го.
Го делиме на 8 еднакви парчиња, ги расукуваме едно по едно.
Развлекуваме долнавесто кориче па го полниме со претходно подготвениот фил. Полнежот го растураме во средишниот дел на коричето, па полека од страните го завиткуваме кон внатрешноста.
Краевите ги притиснуваме да се спојат.
Веднаш ги редиме питичките во тава обложена со хартија за печење.
Така ги подготвуваме сите.
Ако ги печете во тавчето од шпоретот ќе ви собере по 4 питички на едно печење.
Јацето разматете го со солта па полека со лажица прелејте врз секоја питичка.
Печете додека не заруменат.
Пред крајот јас ги премачкав со путерче иако така не пишуваше во оргиналот рецепт.
Оставете 5 минутки покриени со чиста крпа и сервирајте веднаш.
Јас не се покајав што го пробав рецептот, верувам дека и вие нема да се покаете ако го спремите.
На здравје