Пиперки полнети со зеленчук и мед (посно)
Состојки
- 1 главица кромид
- 3 чешнина лук
- 1 лажиче мед
- 2 моркови
- 1 мала конзерва грашок
- 250 гр ориз
- 2 чаши доматен сос ( 2 дл )
- 1 зеленчукова коцка
- 3 лажици кечап
- 5-6 пиперки од замрзнувач ( капија )
- 2 домати
- 1 чаша млака вода
- 1 лажица мешан сув зачин
Подготовка
1. Кромидот ситно го сецкаме. Го пржиме во тавче со масло.
2. Лукот го сецкаме и него го додаваме во кромидот. Го додаваме и медот. Пржиме уште малку.
3. Морковите ги сецкаме. Во кромидот и лукот ги додаваме сецканите моркови, грашокот и оризот. Пржиме уште 10 минути.
4. Додаваме 1 чаша доматен сос, зеленчуковата коцка и кечапот. Се остава да испари течноста.
5. Се полнат пиперките. Се затвораат со мало парче домат. Ако ви остане од смесата ја ставате на дното од огноотпорен сад. Ги редиме пиперките.
6. Го сецкаме 1 домат, го ставаме околу пиперките. Во садот додаваме вода и 1 чаша доматен сос. Посипуваме со вегета и црн бибер.
7. Печеме на 180 степени околу 1 час.