Испечати

Дон Корлеоне месни топчиња со шапегети

Дон Корлеоне месни топчиња со шапегети

Состојки

  • 1 голема главица кромид-блендиран
  • 9-10 чешниња лук
  • 1 лажиче сол и црн пипер (по едно од секое)
  • 1 лажиче буковка (чили)
  • 2 гол. лажици ситно сецкан магдонос
  • 1 кг мелено месо
  • 1 чаша презла
  • 2 јајца
  • 4-5 чаши доматно пире
  • 1 пакување шпагети

Подготовка

Денес ќе Ве почестам со еден превкусен рецепт кој ми го пренесоа моите пријатели од Италија, поточно Сицилија. Како љубител на италијанската кујна, овој рецепт ме воодушеви.

За подготовка на ќофтињата, во еден подлабок сад измешајте ги меленото месо (комбинација од говедско и свинско), кромидот и лукот ситно измелени, зачините, јајцата, магдоносот и презлата. Од добиената смеса формирајте топчиња со големина на орев. Во подлабоко тенџерче ставете маслиново масло - колку да го покрие дното и пропржете ги месните топчиња од сите страни да поруменат. Внимавајте да не ви се распаднат.
Кога ќе бидат испржени додајте го доматното пире зачинето со малку исецкан свеж босилек и сол. Нека прокрчкаат со сосот, превртете ги од двете страни убаво да се зготват, околу 15-20 мин, а и сосот ќе згусне. Вака подготвени сервирајте ги со претходно сварените шпагети и украсете со свеж босилек и пармезан. Се надевам дека многу ќе ви се допаднат.
Добар апетит!