Пролетни кифлички со јогурт и млеко
Состојки
- 1кг брашно
- 250мл млеко
- 250мл јогурт
- 60гр квасец
- 250мл зејтин
- 1 лажичка сол
- 1 лажица шеќер
- 150гр маргарин
- 4 јајца
- 250гр сирење
- 50гр сусам и малку ким
Подготовка
Има многу начини за подготовка на кифлици, еве еден од моите омилени кифлички кои ги подготвувам во посебни прилики.
Може на прв поглед ви изгледаат комплицирани, но верувајте не е така. Со добра организација ќе дојдете до одличен резултат и празнична трпеза која ќе ги развесели сите.
Во млекото го дробиме квасецот, на шеќерот сипуваме млако млеко и чекаме да надојде.
Во останатото брашно ставете сол и направете дупка на средина, во нејзе ставете го млекото со квасецот, зејтинот и полека додавајки млеко и јогурт замесуваме средно меко тесто.
Одкако го замесивте тестото на набрашнета подлога уште еднаш убаво го месиме се додека не престане да ни се лепи на раце.
Тестот го оставаме еден час да стаса, во меѓувреме го подготвуваме филот.
Јајцата ги кршиме и ги мешеме со сирењето. Кога тестото е стасано со оклагија развлекуваме кора со дебелина околу пола сантиметар и ја премачкуваме со маргарин, тестото го ставаме петнаесетина минути во фрижидер, оваа постапка ја повторуваме три пати.
Од тестото правиме правоаголник и со нож сечеме коцки 10 на 10сантиметри. Во дополнителните слики ќе видите дека ги засекувам ќошињата на средина ставам од филот, а потоа ги земам секој ќош и нежно ги притискам на средина.
Одкако ги завршивме кифличките на крај ги премачкуваме со јајце и малку зејтин, а одозгора ги посипуваме со сусам и ким, но тоа е индивидуално вие може да ставите она што вам ви се допаѓа.
Кифличките ги печеме 10минути на 220степени, а потоа намалуваме на 180 уште половина час, но и тоа зависи како вашата рерна пече нека добијат убава златна боја.
Се надевам дека ви дадов интересна идеа за некоја празнична трпеза.
Добар апетит!!!