Испечати

Мафини со кафе и какао

Мафини со кафе и какао

Состојки

  • 2 јајца
  • 6 лажици брашно
  • 3 лажици какао
  • 1 пециво
  • 2 лажици мармалад
  • 1 мал филџан (70мл) јако турско кафе
  • 50гр. путер
  • 200гр. шеќер
  • 2 пудинзи од чоколадо
  • 400мл. млеко

Подготовка

Кафето се вари без шеќер, се цеди и се меша со сите состојки.
Се бијат со миксер се додека не се добие убава смеса без грутчинња.
Смесата ја истураме во калап за мафини и печиме на 180 степени околу 25 мин.
Декорацијата овај пат ја направив со пудинзите од чоколадо и бели чоколадца.
Ако не го сакате вкусот на кафето, ставете варено капучино со вкус на чоколадо
исто така се многу вкусни.