Ресана ролат
Состојки
- 750 гр ресани
- 250 мл млеко
- 250 гр маргарин
- 200 гр сецкани ореви
Подготовка
1. Секое парче ресана се сечи на четири делови и се става во длабок сад.
2. Во тенџерче на оган се става маргаринот и млекото. Се меша додека не се стопи маргаринот и се остава убаво да се олади.
3. Со изладеното млеко ги потуруваме исецканите ресании сецканите ореви и мешаме со дрвена лажица (не силно)
4. Во калап обложен со фолија ја истураме смесата, ја израмниваме и ја оставаме во фрижидер убаво да се стегне.
5. Се украсува по желба.