Кифли со павлака
Состојки
- 1,300гр брашно
- 2 свежи квасеци
- 200мл масло
- 200мл јогурт
- 125гр кисела павлака
- 4 јајца
- 1 лажица шеќер
- 1 и пол лажиче сол
- Плус
- 1 јајце за премачкување
Подготовка
Се ставаат квасеците во малку вода со шеќер и 1 лажица брашно и се оставаат да стасаат.
Настрана во подлабок сад се става брашно останатите состојки и се додава квасецот.
Се меси средно меко тесто.
Тестото се дели на 8 топчиња.
Секој дел се расукува и се премачкува со маргарин и се витка во вид на ролат или на било кој начин (како што се прави за лиснато тесто) Се оставаат во фрижидер 30мин.
Од секое топче се расукува кора се сечат триаголници се става сирење или по желба нешто друго (често ставам сецкани маслинки) се виткаат и се ставаат во намрсен плех.
Се оставаат да стасаат околу 30мин.
Пред печење се премачкуваат со изматено јајце и сусам или со стопен половина маргарин, измешен со 1 лажица презла и сол. Се печат во загреана рерна на 250 степени.