Пеперутки со мак и мармалад
Состојки
- 1/2кг брашно
- 1/2 квасец
- 1 лажица шеќер
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка оцет
- 70гр путер
- 250мл млеко
- 100гр мак
- 1/2тегла мармалад
- 50гр шеќер во прав
- 1 јајце
- 1 лажица зејтин
Подготовка
Пеперутките ги видов на интернет со некоја мала измена веднаш ги подготвив.
Во посебен сад го активиране квасецот со шеќерот и една лажица брашно. Во брашното го додаваме путерот, оцетот, солта и активираниот квасец замесуваме со млеко средно меко тесто.
Макот го мелеме на машинка за кафе и го мешаме со пола тегла мармалад.
Откако тестото ќе стаса правиме топчиња секое топче го развлекуваме и премачкуваме со мак и мармалад мотаме ролат. Со четкичка ги премачкуваме кревите и ги преклопуваме го вртиме тестото засекуваме и ја формираме пеперутката.
Пробав да ја фотографирам целата постапка и се надевам дека ќе ви биде појасно гледајки ги фотографиите.
Секоја пеперутка ја премачкуваме со мешано јајце и зејтин и печеме на 220степени 15минути, потоа намалуваме на 180степени уште 15 минути посипуваме со шеќер во прав.
Добар апетит!