Испечати

Зелен ручек со блитва и спанаќ

Зелен ручек со блитва и спанаќ

Состојки

  • 2-3 млади кромитчиња
  • 500 гр спанаќ
  • 500 гр блитва
  • 10 -15 лажици масло
  • 1 лажица црвен пипер
  • 1 лажица брашно

Подготовка

Блитвата ја зголемува одбрамбената отпорност на организмот и спаѓа во едно од најубавите зелени растенија. Во комбинација со спанаќот таа е витаминска бомба.
А јас бидејќи си ја имам во бавчата, си ја користам редовно.
Еве една таква комбинација, проста и едноставна, но многу вкусна и здрава.

Во загреано масло пржиме сецкано младо кромидче, блитва и спанаќ. Оставаме да омекнат убаво и додаваме зачини од типот мешан сув зачин, црн бибер и црвен пипер. Промешуваме и полеваме вода. Оставаме да постои околу 20 минути да се вари со повремено мешање.
Пред крајот додаваме разматено брашненце во вода, да го згусти зељето.

Ете само тоа е ручекот кој не ви одзима време и пари, а е вкусен и здрав.
Јас за блитвата не бев многу информирана, но ја конзумирав, па сакав да знам што е всушност. Па откако прочитав многу за неа, сега е неопходен дел од исхраната. На здравје со обичново ручече.