Испечати

Посно топло чоколадо

Посно топло чоколадо

Состојки

  • 4 полни лажички какао
  • 3 полни лажички шеќер во прав
  • 2 полни лажички густин
  • 100 гр рендана чоколада
  • 1 лажичка цимет по желба
  • оризово, соино, бадемово или некое друго млеко по желба...

Подготовка

Овој рецепт го најдов одамна на интернет, а мислам дека во уводниот дел пишуваше дека вака го прави прославениот готвач Џејми Оливер. Многу ми се допадна и најчесто го правам во посна варијанта.

Сите состојки добро промешајте ги и ставете ги во тегла или некој друг сад. Оваа сува смеса е за околу еден литар млеко.
За една шоља, ќе ви биде потребно една или две лажици од смесата, во зависност од тоа колкава ви е шољата (200, 250 мл) и колкава густина сакате да ви биде. Еднаш кога ќе го пробате ќе знаете за понатака. Јас користам оризово млеко во прав кое го растворам со вода.

Млекото се става на оган да почне да врие и се додава од сувата смеса. Со постојано мешање треба да се добие посакуваната густина (половина до една минута ви е потребно да се свари). Го ставаме во шоља и посипуваме со цимет по желба.

Тие што не постат може да го декорираат со шлаг и цимет или по желба и нормално да го направат со млеко. Доколку сакате помалку или повеќе благо калкулирајте со шеќерот или со чоколадото. Претпочитам посна чоколада со висок процент на какао.

Пробајте го, преубаво е!