Брзо медено срце
Состојки
- 400мл ладна вода
- 400гр брашно
- 400гр шеќер
- 3 лажици масло
- малку цимет
- малку каранфилче
- 1 лажиче сода бикарбона
- 1 лажица какао
- 1 лажица мед
- половина пециво
- 100 грама чоколадо за прелив
Подготовка
Се мешаат сите состојки (освен мармаладот и чоколадото) и се остава тестото да кисни 15 тина минути, потоа се става во намрсено тавче и се печи во загреана рерна на 180-200 степени 15 тина минути. Откако убаво ќе излади се сечи на коцки, секоја коцка се сечи на половина се премачкува со мармалад и одозогора се украсува со чоколадо.