Испечати

Кошнички со чоколаден крем

Кошнички со чоколаден крем

Состојки

  • смеса за кошничките
  • 250 гр мелени ореви
  • 500 гр шеќр во прав
  • 2 белки
  • крем
  • 4 јајца
  • 2 жолчки
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 5 ванили
  • 1 (250гр) маргарин
  • 1 (100гр) чоколада за готвење

Подготовка

Ова се моите омилени колачиња кои секогаш ги правам за свечености.

За кошничките се матат белките кратко колку да се запенат , им се додаваат оревите и шеќерот во прав. Се меси смесата со рака убаво да се соединат состојките. Со калапче се формират кошничките и се стават на послужавник.

За кремот се матат јајцата и двете жолчки со шеќерот убаво да се згуснат. Се додават брашното и ванилите и се вари крем на пареа. На крај се додава чоколадата и се остава да се олади. Оладениот крем се соединува со изматениот маргарин.
На секоја кошничка со шприц се става од кремот.