Испечати

Леб од мешано брашно

Леб од мешано брашно

Состојки

  • 400гр интегрално брашно
  • 300гр наменско брашно
  • 1 коцка свеж квасец (40гр)
  • 1 лажица сол
  • 2 лажици шеќер
  • 350мл млака вода
  • 100мл зејтин
  • 50гр сончоглед

Подготовка

Квасецот се става да надојде со водата и шеќерот.
Двата вида на брашно се мешаат во подлабок сад и одкако ќе стаса квасецот се замесува средно тесто. Постепено при месењето се додава и зејтинот .
Тестото се остава да надојде околу 45 минути.
Се размесува на маса и со намастени раце се извлекуваат две векни. Векните се расекуваат на 3-4 места и во празнините се става сончогледот.
За да не ви се спојат векните-, да не се залепат помеѓу нив се става хартија за печење. Вкусно лепче кое трае повеќе денови.
Се пече околу 45 минути на 200степени. Одкако ќе се испече се вади од плехот и се става на решетка или даска да се олади. Оладено се собира во кутија за леб или хартиена кеса.