Испечати

Сусам бомбици со суво овошје (посно)

Сусам бомбици со суво овошје (посно)

Состојки

  • 5 лажици шеќер (рамни)
  • 1 лажица вода
  • прстофат сол
  • прстофат морско оревче
  • 2 лажици мед (полни)
  • 1 шолја сусам (120 мл)
  • 1 лажиче ленено семе
  • 50 грама брусница
  • 50 грама сува кајсија
  • 1 шолја ореви (120 мл)
  • 50 грама маргарин
  • 1 лажиче екстракт од ванила
  • прстофат сода бикарбона

Подготовка

Овај десерт во два дена два пати го направив. Ако сте љубители на сусам од старт ви препорачувам дупла доза.

ПОДГОТОВКА
Секогаш пред да почнам да правам нешто најпрво сецкам се што треба и ги ваѓам сите состојки на работната маса ем се да ми е на дофат, ем да не заборавам нешто.
Кајсиите и брусницата ги сецкаме во сецко или рачно на мали парчиња. (Морам да се пофалам дека го купив сецкото и презадоволна сум секој ден го користам, посебно ми се допаѓа како сецка јатки и сега знам дека сме раат за баклавата за Велигден хахаха). Исто и оревите ги сецкаме. Доколку сакате може да користите друго овошје или јатки ама по мое ова беше добитна комбинација.

1. Во тенџерче на тивок оган го ставаме шеќерот, солта, водата, морското оревче и медот ( слика ) и чекаме смесата да се соедни. Од сликата може да видите дека работам со две лажици, ама тоа е додека се подстопи медот да можам да ги исчистам лажиците од медот а потоа ви препорачувам да работите со силиконска лажица затоа што смесата е леплива.
2. Потоа го додаваме сусамот и лененото семе и мешаме додека сусамот добие златно жолта боја или околу 10тина минути максимум.
3. Пред крајот го додаваме маргаринот сецкан на парчиња да се стопи и потоа овошјето и оревите.
4. Го тргаме тенџерето од оган и ги додаваме ванилата и содата.
5. Смесата ја истураме во мал сад обложен со хартија за печење или алуминиумска фолија или најдобро ако имате силиконски калап. Ја порамнуваме со лажицата и ја оставаме на собна температура да се подолади околу 1 час.
6. Потоа ја сечеме на еднакви делови (слика). Од секој дел со раце формираме бомбици. Мене ми излегоа 20.

НАПОМЕНА Доколку сакате може да направите и лентички, да не се бомбици, ама во тој случај оставете убаво да се излади смесата бидејќе е леплива.

Не е потребна никаква декорација бидејќи самите со својот изглед мамат. А тие што се љубители на сусам нема ни да помислат како е декорирано само ќе сакаат да пробаат. Топло ви ги препорачувам на сите, а ако постите иако нема чоколадо во составот, сигурна сум ќе ги задоволат вашите потреби за благо.
На здравје!