Испечати

Марокански ѓувеч

Марокански ѓувеч

Состојки

  • 100-150 гр. кромид
  • 50 мл. зејтин
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажица црвен мелен пипер
  • 1/2 лажичка ким
  • прстовет ѓумбир мелен
  • 400 мл. вода
  • 1 домат
  • прстовет мелен бел бибер
  • 1/4 лимета
  • 1 црвена лута пиперка
  • малку шафран и кафен шекер
  • на вкус сол и сув зеленчук
  • 600 гр. компир
  • 100-150 гр. зелени маслинки без коски
  • 1 шака магданос
  • 1-3 листови ловор

Подготовка

Толку многу на ред наредени состојки што можебина прв поглед се чини дека е многу захтевен, а ова всушност е едноставен ѓувеч со малку додаток на ориентални зачинки и еве го Марокански наречен... прв пат кога го пробав ми беше малку чуден, но веќе е одомакинет кај нас...
Припрема
- Насецканиот кромид прво го ставете во Делимано тавата - (Трилогијата е многу погоден сад за овој ѓувеч), без зејтин така на суво да се лесно потпече по што ке го додадете зејтинот и лукот. Кога ке стане кромидот стакласт додадете го црвениот пипер, шафранот, кимот, ѓумбирот, само лесно промешајте и подлијте со 100 мл. вода. Додадете веднаш и насечената лимета и доматот. Зачинете со биберот, додајте кафениот шекер, ловорот и лутата пиперка. Измешајте. Оставете го малку да проврие, а за тоа време исечете по должина компирот и додадете во тавата, залијте со преостанатата количина на вода, поклопете и варете сосема на тивко околу 15 мин. додека компирот не омекне. Ако ви се пристори дека е малку вода додадете уште 100 мл, - не повеке.
- Кога е сварено, со решеткаста лажица извадете го компирот или едноставно истурете ја содржината во цедалка, а сосот кој останува вратете го назад во тавата, додадете ги маслинките и магданосто, варете додека да добиете саканата густина. Со овој сос прелијте ги компирите кои веке сте ги сервирале во чинија.

Забелешка
Овој ѓувеч е посен, што незначи дека неможе да биде додаток за некое динстано или печено мевце.