Намаз од грашок (посно, без масло)
Состојки
- 250гр. грашок
- 1 парче пашканат
- 1 среден морков
- 1 мал компир
- 1 чешне лук
- по вкус сол, бибер,мешан зачин
Подготовка
За сите љубители на грашокот, еден интересен намаз за овие посни денови.
1. Морковот, компирот и пашканатот ставете ги во малку солена вода да се варат. Јас користев грашок од конзерва, тој ми е најубав .. може да користите и смрзнат или свеж, претходно ќе го сварите.
2. Во сад за толчење со малку сол ставете го лукчето и истолчете за да се добие паста, па додадете го грашокот и само згмечете со толчникот, нека има и цели зрна.
3. Сварениот зеленчук со вилушка испасирајте го и спојте го со грашокот, па потоа измешајте. Може да додадете и 2-3 лажици од водата вокоја се вареше зеленчукот за да не дојде многу густо. Зачинете по вкус, соберете во сад/кутија и ставете во фрижидер за малку да се спојат вкусовите.
Доколку сакате мазен изглед може да ставите се во блендер и да бледирате додека не добиете посакувана густина.
Добар апетит =)