Тортиља од компири

Состојки
- 3 големи компири
 - 1 голема главица кромид
 - маслиново масло
 - 4-5 јајца
 - мелен бибер
 
Подготовка
Како по некое непишано правило, секој пат со месото како додаток ги имаме компирите. Пред некое време наидов на овој рецепт и ете денес бидна и тоа.
 Било како додаток или како оброк, одлична е.
 Излупете ги компирите и исечкајте ги на коцки. Исечкајте го и кромидот.
Во тава на оган ставете неколку лажици маслиново масло и ставете ги компирите и кромидот. Пропржете неколку минути, додајте го сечканиот магдонос, малку вода, покријте со капак и со повремено мешање динстајте 15-тина минути.
 Изматкајте ги јајцата, додадете сол и црн бибер, па прелијте.
Туркајте ги рабовите кон внатре.
За да ја превртите тортиљата, ставете поголема чинија и внимателно превртете. Вратете ја тавата на оган и полека излизгајте ја тортиљата. Оставете уште малку и тоа е се.