Крем пита
Состојки
- 2 листа пандишпан
- 4 жолчки
- 4 лажици шеќер
- 2 лажица зејтин
- 2 лажици млеко
- 4 лажици брашно
- 8 белки за Фил
- 15+4 лажици шеќер
- 2-3 ванилин шеќер
- 4 пудинг од ванила
- 1 литар вода
- 50гр шеќер во прав
Подготовка
Лесна убава торта, едноставна за подготовка, а уште полесна за јадење.
Подготовка
1. Жолчките се матат со шеќерот се додава двете лажици зејтин и две лажици млеко. На крај го додаваме брашното и матиме со лопатка. Кората ја сипуваме во тавче со димензии 25-35см. и печеме на 180степени 15-20минути. Вакви две кори подготвуваме.
2. Кесите со пудинг ги истураме во посебен сад и со 4 лажици шеќер мешаме со 200мл вода. Останатите 800мл вода ги зовриваме и подготвуваме пудинг.
Белките ги матиме со 15лажици шеќер и им го сипуваме врелиот пудинг (на дополнителната слика се гледа дека филот дупло го зголемува својот волумен).
Вака подготвениот фил го истураме на едната кора и врз филот ја ставаме втората кора.
Тортата ја оставаме да се излади посолуваме по желба со шеќер во прав или топена чоколада.
Добар апетит!