Намаз од сардина
Состојки
- 1 конзерва сардина
- 2 јајца варени (рендани)
- 85 гр мајонез
- 50 гр сенф
- 60 гр маргарин
- 1/2 лимон (сокот од лимонот )
Подготовка
Рибата сардина ја сакаме на секој начин, но ја употребуваме и на следниов начин.
Со вилушка го пасираме маргаринот.
Ја додаваме сардината и продолжуваме со пасирањето.
Рендаме две варени јајца.
Додаваме 1 пакетче мајонез.
Додаваме едно пакетче сенф.
Прелеваме со половина исцеден лимон.
Ја соединуваме смесата и сервираме.
Можете да декорирате со младо кромитче , ветува добар вкус.
Забелешка
(Има сардина со додаток на домати во конзервата. Мене воопшто не ми се допаѓа така .Но секој има посебен вкус , па пробајте )
На здравје