Пастрмка на жар
Состојки
- 3-4 парчиња исчистена пастрмка
- 1 лимон
- 50 мл маслиново масло
- 1-2 чешнина лук
- 1 лажиче сецкан магдонос
- 1 лажиче крупна морска сол
Подготовка
Прво пастрмките убаво се чистат и се мијат.
Во еден сад се прави маринада од солта, сокот од лимон, исецканиот лук, магдонос и маслиновото масло.
Со ова се премачкуваат пастрмките во внатрешноста и од надвор.
Се оставаат во маринадата најмалку 6-7 часа во фрижидер.
Потоа се ставаат на решетка за печење риба и на тивок оган на скара се печат.
Во текот на печењето со лажичка се поливаат од маранидата во која одстојуваа.
се превртуваат 1-2 пати и се сервираат.
Потребно време за печење на скара е околу 20-30 минути.
Вкусно, брзо, па и уште ако ви ги испечи сопругот( како кај мене) лезетски ручек ќе имате со прилог по ваша желба.