Испечати

Ќефир

Ќефир

Состојки

  • 2 лажици печурка кефир
  • 1/2мл 2,8%млеко(козјо,кравјо или овчо)

Подготовка

“Кефир”, е млечен пробиотски производ, што од дамнешните времиња им е познат на жителите на Кавказ. Се смета како еликсир на младоста, животот и долговечноста. Тој вкусен и киселкаст напиток се подготвува од таканаречените печурки на кефир, иако се работи всушност за симбиоза на корисни бактерии и габички. Искуството покажало дека кефирот поволно влијае на здравјето, лекува или помага при лекување на многу болести и тегоби.
Кефирот не дебелее, во 100 грама со масленост од 3,5 грама има 63 калории (што е исто како и кај јогуртот), а има и силно својство на регулирање на дигестивниот систем. Го користат луѓето кои имаат тегоби во дигестивниот систем, но и оние кои имаат проблеми со коските, затоа што бактериите кои ги има кефирот, помагаат во нивното зајакнување.
Со редовно пиење на кефирот се подобрува имунитетит, го чисти организмот од токсини, ги намалува желудниковите тегоби, го намалува нивото на холестеролот, го регулита крвниот притисок, помага при слабокрвност, делува против габички и бактерии - го успорува ширењето на канцерогените клетки, ја обновува флората и ги ублажува цревните болести.

Подготовка
Начинот на подготовка не е комплициран потребно е само млеко и печурка т.е зрнца од кефир. За подготовка на кефирот не се користат метални лажици и садови ја уништува лековитоста на кефирот.
За пола литар на кефир е потребно две лажици од зрнца и било какво млеко (кравјо, овчо, козјо).
Млекото може да биде варено или не, но не смее да биде врело. Се препорачува млекото да не содржи помалку од 2,8% маснотии – колку е содржината на маснотии во млекото поголема, кефирот е подобар.
Млекото се става во стаклен или пластичен сад и се ставаат зрнцата. Се поклопува со тацна, и се остава на собна температура 24 часа.
Температурата во просторијата не смее да биде повисока од 30 степени. Во рок од 24 часа течноста ќе се згусне. Може повремено да се промеша поради проверка на густината.
После тоа, треба да се процеди кефирот (се препорачува да се користи пластична цедалка), да се прелие во шише и да се чува во фрижидер. Печурката на кефирот треба да се измие со ладна или млака вода и ден – два (до следната употреба) да се остави во фрижидер, во ладна вода или млеко. Зрнцата од ќефир многу брзо ќе се намножат, што ќе овозможи добивање на поголема количина на напиток. Количината на млеко за подготвување на кефир се зголемува сразмерно на количината на зрнца.
Ќефирот се размножува јас го добив од мојата снаа и го користам некое време.
На интернет најдов многу интересни рецепти во кој се користи кефирот. Кефирот кој се продава во маркетите не е добиен од печурката на кефирот туку од хмељ и култури на бактерии и квалитетот не е ист. Се надевам дека ќе подготвам некој рецепт од кефир што ќе ви се допадне....