Испечати

Тригони со интегрално брашно и семиња

Тригони со интегрално брашно и семиња

Состојки

  • 400гр обично бело брашно
  • 400гр интегрално брашно
  • 250мл млака кисела вода
  • 100мл зејтин
  • 1 коцка квасец
  • 2 лажици мелено ленено семе
  • 180мл кисела павлака(една чашичка)
  • фил
  • 250гр сирење
  • 3 лажици кисело млеко
  • 3-4 лажици мак
  • 2 лажици ленено семе
  • 1 лажица сончоглед
  • 1 јајце за премачкување
  • 150гр маргарин

Подготовка

Квасецот се става да надојде во затоплената кисела вода. Од како ќе надојде се замесува тесто со двата вида брашно. Во брашното се меша и меленото ленено семе, сол и шеќерот. Се меси и постепено се додава зејтинот да се добие средно меко тесто.
Се остава да се одмори околу 40 минути додека стаса.
На набрашнета маса се сука кора која се премачкува со маргарин. Сирењето се меша со павлаката и се распоредува над кората. Кората се посипува со мак, лененото семе и сончоглед, па се витка ролат.
Ролатот се сече на тригони кои се редат во подмачкан плех и се оставаат да стасаат. Одкако ќе стасаат се премачкуваат со разматено јајце и се печат околу 35 минути на 200 степени.