Виножито јајца (велигденска идеја)
Состојки
- јајца
- Жолта,Портокалова,Црвена,Зелена,Плава и Виолетова боја за јајца
- алкохолен оцет
Подготовка
Се ближи Велигден, предходната година за прв пат ги направив, на сите им се допаднаа, па еве да го објавам начинот како се прават овие интересни јајца.
Прво се варат јајцата, настрана во 6 посебни садови се размешуваат боите со топла вода и со по една лажица алкохолен оцет.
Дури се сеуште топли јајцата (да можат да се држат во рака,се потопуваат прво во жолта боја до половина јајце се држи неколку секунди, се трга се остава да се исуши (се суши брзо бидејки се топли јајцата), па во портокалова повторно да се исуши, на крај врвот од јајцето во црвена боја. Се остава да се исуши едната половина. Потоа другата половина се става во зелената боја да се исуши, па во плава, се суши и на крај во виолетова.
Откако убаво ке се исушат се премачкуваат со масло за јадење. Децата посебно им се радуваат на овие јајца.