Посна тегнета пита со праз
Состојки
- 500гр брашно
- 1 лажичка сол
- 1 лажица шеќер
- 250-300мл вода
- 1 филџан зејтин
- 5-6 страка праз
- 200мл вода
- 1/2 филџан зејтин
Подготовка
Подготовка
1. Брашното го сееме на средина ги ставаме ше'ерот и солта. Водата ја загреваме и полека сипувајки замесуваме средно меко тесто. Тестото треба убаво да се изработи од него формираме 5 кори.
Секоја кора се сука видете ја формата и големината во дополнителните слики. Кога корите ги формиравме секоја треба да биде премачкама со зејтин, вака подготвените кори ги оставаме 15мин. да одстојат.
2. Празот ситно исецкан го посолуваме и пржиме со малку зејтин.
3. Јас корите ги тегнам на маса покриена со бел чаршав полека секоја кора нежно ја тегнеме од средината кон вас. Од како сме ја формирале цалата кора краевите кои се нели подебели ги одстрануваме.
Филот полека го распоредуваме на кората и ја попрскуваме со зејтин со двете раце го фаќаме чаршавот и мотаме во ролат. Корите ги ставаме во тава обложена со хартија тоа е моја желба вие може да ја намрсите тавата и така да ја печете питата.
Со силиконска четка корите нежно ги премачкуваме со зејтин за да може сусамот и ленот да се залепат.
Питата ја печеме петнаесет минути на 200степени, а потоа намалуваме на 180 степени додека не добие убава златна боја. Петнаесетина минути пред крај питата ја попаруваме со 200мл вода и пола филџан зејтин. Вака попарената пита повторно ја враќаме во рерна и ја оставаме уште петнаесет минути потоа ја вадиме и покриваме со крпа. Од како ќе се излади корите ги превртуваме за да не останат влажни.
Добар апетит!!