Испечати

Ориз со печурки

Ориз со печурки

Состојки

  • 300гр. маринирани шампињони
  • 300гр. ориз
  • 5 лажици масло
  • 1-2 лажиче сол
  • 1 лажиче мешан сув зачин
  • 1/2 лажиче оригано

Подготовка

Оризот кратко се пржи на врело масло, околу 5 минути.
Се додаваат печурките, зачините, вода колку да го покрие оризот и се става тавата во загреана рерна.
Се печи околу 40 мин.на 200 степени.
Ако сакате во оризот додадете, сецкани моркови, грашок и пченка.