Испечати

Посни соја шницли со Тартар сос и мешан зеленчук

Посни соја шницли со Тартар сос и мешан зеленчук

Состојки

  • За шницлите
  • 300гр. шницли од соја
  • 1 ловоров лист
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • неколку зрнца црна пипер
  • по вкус сол
  • 1/2 лажиче рузмарин
  • околу 5 лажици сенф
  • по потреба брашно или презла
  • 50гр. сусам
  • по потреба масло за пржење
  • За Тартар сосот
  • 3 кисели краставички
  • 100гр. посен мајонез
  • по вкус, мелена црна пипер
  • За прилогот од зеленчук
  • 1 кесичка замрзната мешавина зеленчук
  • мало парче маргарин

Подготовка

Шницлите ги налеваме со вода и оставаме да отстојат додека ни зоврие водата која сме ја ставиле во тенџере на оган. Во водата ги додаваме ловоровот лист, зрната црна пипер, рузмаринот, мешаниот су зачин. Кога ќе зоврие водата со зачините ги додаваме шницлите. Покриваме со капак и на умерен оган вариме 15-20 мин.
Кога се варени шницлите ги ставаме во цедалка, за да се исцедат од водата, а потоа ги свиткуваме во кујнска крпа за да се впие остатокот од водата. Секоја шницла ја премачкуваме со сенф, посолуваме со сол и сусам и валкаме во брашно или презла. Ги пржиме во загреана мрснотија. Вадиме на чинија обложена со кујнска хартија за да се впие вишокот на мрснотија.

Тартар сос
Киселите краставички ги сечкаме на ситни коцки, додаваме мајонез и црна пипер. Промешуваме.

Мешавината зеленчук ја вариме 10 мин., во зовриена и посолена вода, во која сме додале парче маргарин. Ја цедиме.

Сервираме.

На здравје!