Посно тавче гравче
Состојки
- 500гр. грав
- 4-5 парчина суви црвени пиперки
- 2 главици кромид
- 2 лажици сол
- 2 лажици мешан сув зачин
- 1-2 лажички нане
- 1-2 лажички црвена пипер-буковец
Подготовка
Гравот се вари на тивок оган заедно со пиперките.
Гравот се вари, но се оставаат зрната малку потврди.
Потоа се претура гравот во земјено тавче се додава солта, мешаниот сув зачин, буковецот, нането и кромидот (претходно сецкан и пржен на врело масло).
Се сипа и од водата во кој се вареше гравот и се печи на 200 степени околу 40 мин.
Ако сакате во гравчето можете да додадете и малку пржено лукче.