Кокос мафини со портокал
Состојки
- 2 јајца
- 8 лажици шеќер
- 50 мл газирана вода
- 100 мл масло
- 200 грама брашно
- 1 пециво
- 70 грама кокос
- 1 замрзнат портокал
- 1 лажиче екстракт од портокал
- 1 бело чоколадо за готвење
- украсување
- 1 шлаг крем од ванила
- 30 грама кокос
- 1 мал свеж портокал
Подготовка
Мафините ми станаја опсесија во последно време, значи максимално ги искористувам калапите. Ова е мојата, сега за сега, последна верзија на мафини.
1. Јајцата ги матиме со миксер заедно со шеќерот, па додаваме газирана вода, масло и екстрактот од портокал додека не се соедини. Потоа ги додаваме брашното, пецивото,70 грама кокос, ренданото бело чоколадо и ренданиот замрзнат портокал и мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 15-20 минути во зависност од рерната.
Излегуваат 18 мафини.
УКРАСУВАЊЕ
Шлаг кремот го приготвуваме според упатството на кесичката, го додаваме кокосот и со шриц ги украсуваме мафините. Доколку сакате може и поинаку да ги украсите јас обожавам да имаат нешто кремасто на нив.
На крај декорацијата ја завршуваме со мали парченца портокал.
На здравје !