Пченканиче
Состојки
- 4 јајца
- 300-400 гр дробено кравјо сирење
- 300 гр свеж спанаќ
- 3 шољи пченкарно брашно
- 2 шољи пченично брашно
- 2 шољи млеко
- 1 шоља зејтин
Подготовка
Откако добро ќе го исчистите и измиете спанакот ставете го да вари неколку минути.
Кога ќе се олади, исецкајте го ситно.
Помешајте го со другите состојки и таа смеса ставете ја во тава подмачкана со зејтин.
Пченканичето ставете го во загреана рерна од 200 степени околу 30 мин.
По желба можете да посипете со сусам.ДОБАР АПЕТИТ!