Црвен ориз со ослич и праз
Состојки
- 1 страк праз
- 200 мл ориз
- 800 грама ослич
- 900 мл вода
- 1 лажиче црвен пипер
- 1 лажиче сол
- 1 лажиче мешан сув зачин
Подготовка
Еве еден, според мене, совршен посен ручек кој се подготвува во рерна и нема миризба на риба. За омилен десерт не можам да се одлучам, ама овај ручек дефинитивно е во топ 3 во мојата листа.
ПОДГОТОВКА
Празот ситно го сечкаме и го пржиме во тепсијата. Откако ќе се пропржи го додаваме оризот и зачините, па ја налеваме водата и го тргаме од оган.
Осличот го сечиме на помали парчиња (слика) и го ставаме над оризот. (слика)
Покриваме со алуминиумска фолија и печеме во загреана рерна на 200 степени околу 35 мин, па ја тргаме фолијата и печеме уште 10тина минути.
На крај ја исклучуваме рерната, ја враќаме фолијата и оставаме да стои во рерната додека се приберат сите домашни за ручек, а може и одма да се јаде.
ЗАБЕЛЕШКА
Овај ручек може да се направи и без црвен пипер, но според мене комбинацијата на црвен ориз и праз е совршена.
Доколку не сакате ослич направете ја и со друга риба , но морам да НАПОМЕНАМ дека рибата е прекрасно зготвена, се дели од коските и е многу сочна и вкусна.
Послужете со марула или некоја друга салата и нека Ви е на здравје !