Празничен медовик со праски
Состојки
- 1 чаша од јогурт мед
- 3 јајца
- 1 лажица маст
- 1/2лажичка соба бокарбона
- 450-500гр брашно
- 1 литар млеко
- 200гр шеќер
- 3 пудинга од чоколадо
- 100гр чоколадо за готвење
- 250 гр путер
- 200гр кокос
- 1 литар млечна слатка павлака
- 1 тегла компот од праски
Подготовка
Подготовка
Оваа торта е една од најомилените мои торти и затоа не застанувам со нејзино подготување во разни комбинации. Еве една интересна комбинација која добро помина во кругот на мојата фамилија и пријатели.
Подготовка
Јајцата ги матиме со медот и маста, јас медот не го загревам, додека маста предходно ја оставам на собна температура и убаво ја матам. Во оваа смеса ја додавам содата и полека го додавам брашното треба да се добие глатко тесто.
Тестото го делам топчиња зависи од калапот некогаш ми излегуваат 6 или 7 ги оформувам и ги печам секое тесто на превртено тавче околу 15 на180степени.
1. Од млекото оделуваме 200мл и во него го матиме пудингот, преостанатото млеко го загреваме со 200гр шеќер и полека го сипуваме пудингот да се згусне. Тргаме на страна и во смесата ја додаваме чоколадата, пудингот го покриваме и оставаме да се излади.
2. Слатката павлака ја матиме и во неа ситно сецкаме компот од праски и 100гр кокос, но предходно оставаме мал дел за одозгора.
Одкако првиот фил е изладен му додаваме путер и убаво матиме со миксер во смесата додаваме и 100 кокос.
Почнуваме со тесто, чоколадниот фил, а потоа филот со праски и слатка павлака се додека не ни се потрошат корите. На крајот филуваме со чоколада и слатка павлака.
Добар апетит!