Печен свински бут
Состојки
- 1кг свински бут
- 1кг компири
- 1/2кг морков
- 1/2 филџан зејтин
- 1 лажичка лен
- 1 лажичка сусам
- 5-6 чешниња лук
- 1 лажица сенф
- 1 лажица мед
Подготовка
Подготовка
Свинскиот бут го ставаме во тенџере да се вари 45минути.
Компирите и морковите излупени се сечат на поголеми парчиња во нив ставаме бибер, мешан зачин, оригано и чешнињата лук промешуваме.
Во земјен сад ги ставаме компирите и ја сипуваме остатокот од водата и зејтинот во која се вареше месото.
Месото го зачинуваме и премачкуваме со сенф и мед и исто така го ставаме во земјаниот сад.
Вака подготвената тава ја сосипуваме со лен и со сусам и печеме 1час на 180степени.
Сервираме со сезонска салата по желба. Добар апетит!!