Балсамиран крап со зеленчук
Состојки
- 1 помало парче крап
- 3 чешниња лук
- 1лажица крупна сол
- 10 лажици балсамико
- 1киска магдонос
- 5 лажици масло
- 1/8 лажиче црн пипер и сув копар
- за прилог
- 2 мали главици кромид
- 3парчиња компири
- 1мала тиквичка
- 2 моркови,масло и сув зачин по вкус
Подготовка
За подобро да прими од состојкте крапчето чисто се посолува и се остава така, во меѓувреме се сечка лук, магдонос, во маслото се ставаат копарот и пиперот, се налева од балсамик оцетот. Се меша, се потура со лажица во внатрешноста и се полни со магдонос и лук, дел од течноста ќе се излее надвор во садот, ама повремено се превртува лево-десно крапот да се натопи од двете страни.
Така нека отстои барем 2 часа.
За прилогот сите зеленчуци се лупат, се сечат на покрупни парчиња, се зачинуваат, плех се обложува со хартија за печење. Се зема хартија и поголемо парче од крапот по должина и ширина и се витка по краевите, се става во средина на плехот. Над веќе поставената хартија и врз ова второ парче од хартија се остава рибата, се полева најгоре од останатиот сок, се затвора со хартијата.
Зачинетите зеленчуци се оставаат од двете страни на плехот, се прска масло и се печи на 200 во рерна 40 мин.
По ова време се отвора рибата од хартија и нека зарумени пак се враќа во рерна.
На здравје посното ручоче за Цветници!