Брза пита со праз
Состојки
- 6 јајца
- 1 шоља јогурт
- 1 шоља масло
- 2 шољи брашно
- 1 лажиче сол
- 1 пециво
- 2 страка исецкан праз
- 150гр сирење
Подготовка
Се матат убаво јајцата со солта, откако убаво ке се изматат му се додава јогуртот, маслото, брашното, пецивото се мати повторно.
Се додаваат сирењето и исецканиот праз се меша со лажица, се става во намрсен плех му се наросува сусам одозгора и се печи во загреана рерна на 220 степени околу 20 тина минути.
Шоља 200мл