Ледени рум коцки
Состојки
- 3 јајца
- 3 лажици шеќер
- 3 лажици брашно
- 1 лажица какао
- 1 кесичка прашок за пециво
- Сируп
- 200 гр. шеќер
- 200 мл. вода
- 2-3 лажици рум
- Фил
- 5 лажици брашно
- 4 лажици густин
- 10 лажици шеќер
- 1 литар млеко
- 250 гр. маргарин
- 100 гр. шеќер во прав
- 3 кесички ванилин шеќер
- 100 гр. чоколадо за готвење
- неколку капки екстрат од рум
- Глазура
- 200 гр. чоколадо за готвење
- 3 лажици масло
Подготовка
Изматете цврст снег од белките и шеќерот, додајте ги жолчките, брашното помешано со прашокот за пециво и на крај какаото.
Истурете ја смесата во подмачкан плех (бр.38 или бр.40) и печете околу 20-тина минути. Оставете да се олади и спремете го сирупот.
Загрејте ја водата, додајте го шеќерот и оставете да врие неколку минути. Тргнете од оган и додајте го румот.
Оладената кора прелијте ја со врелиот сируп.
Измешајте го шеќерот, ванилиниот шеќер, брашното, густинот и полека со непрекинато мешање, додавајте го во ладното млеко. Ставете на оган и гответе се додека не згусни, па потоа добро оладете.
Пенесто изматете го маргаринот и шеќерот во прав па додајте го оладениот фил. Смесата поделете ја на два дела.
Во сад над пареа, истопете го чоколадото за готвење и додајте го во едниот дел.
Убаво распоредете врз оладената кора, прво темниот, па светлиот фил.
Прелијте со чоколадната глазура и оставете на ладно.