Испечати

Валдорф салата

Валдорф салата

Состојки

  • 250гр.корен од целер
  • 250гр. кашкавал
  • 250гр. шунка
  • 200гр. пченка од конзерва
  • 200гр. ананас од конзерва
  • 4-5 киселкасти јаболка
  • 1/2 страк праз
  • 50гр. оревчиња
  • 100мл. мајонез
  • 100мл. кисела павлака
  • малку лимонов сок ( за попрсување на јаболката)

Подготовка

Неодамна бев на гости и за прв пат ја вкусив оваа мошне освежителна, невообичаена салата, која многу ми се допадна. На прв поглед, према состојките, се запрашував каков ќе и биде вкусот.
Изненадена бев. Главната нота ја имаат целерот и празот, овошјето дава некој сладоков вкус, а павлаката и мајонезот-киселкаст вкус. Одличен ансамбл!

Оваа салата, за прв пат се креирала и подготвила во еден њујоршки ресторан- Валдорф,( по тоа и го добива името) од страна на готвачот Оскар и станала еден од симболите на Њујорк. Значајно место зазела и на гастрономската сцена.
И благодарам на мојата вујна за прекрасниов рецепт.

Начинот на подготовка е следниов

Измиениот и излупениот корен од целер се става да се свари во солена вода. Кога ќе олади се сечи на кришки, па на тенки лентички, стапчиња.(Да наликува на рендан.)
Кашкавалот и саламата се рендаат на крупната страна од рендето.
Ананасот исто се цеди од течноста и се сецка на долгунести ленти.
Измиените и излупени јаболка се сецат на кришки, па на тенки, долгунести ленти. Се попрскуваат со лимонов сок, за да не потемнат.
Празот (само белиот дел) ситно се сецка.
Пченката се додава, како што си е, само убаво исцедена од течноста.
Сите состојки се мешаат во подлабок сад.
Настрана, во еден сад се мешаат павлаката и мајонезот и се додаваат на сите состојки. Убаво се меша и изедначува салатата. Се става во кутија со капак, да отстои на ладно место, најмалку 2 часа.
При сервирањето се наросува со сецкани оревчиња.

*** Зачини не се додаваат, мислам на сол и црна пипер, за да се сетат различните вкусови на состојките, а вие по ваша желба, како сметате, така направете.
Павлака можи да додадете и да ја дотерате по ваш терк салатата.
Кој не ја пробал, препорачувам да ја проба...
На здравје!!!