Посни триаголници со суво грозје
Состојки
- 300гр посни бисквити
- 150 гр шеќер во прав
- 100 гр суво грозје
- 50 гр сечкани ореви
- сок од портокал
- 50 гр посен маргарин
- Глазура
- 100гр црна посна чоколада
- 3 лажици масло
Подготовка
Ете да Ве почастам и од колачот кој го направи мојата помала ќерка Емилија.Таа сечкаше, месеше, декорираше, па на крај и да слика. Идеја и беше до колачите да ја стави и својата чаша со нејзината слика.
Се кршат бисквитите на ситно, се додава сокот од портокал, грозјето, оревите, маргаринот и шеќерот во прав. Сето ова убаво се меси со рака и се става во модла-триаголник (каде имаме ставено фолија)
Се остава да се стегне малку колачот и се вади од калапот. Се прелива со глазурата. Наздравје.