Испечати

Брза и лесна салата со боранија и пченка

Брза и лесна салата со боранија и пченка

Состојки

  • 300гр макарони
  • 300гр пченка
  • 300гр боранија
  • 300гр морков
  • 300гр кисели краставички
  • 300гр мајонез

Подготовка

Во длабок сад се варат макароните, пченката, боранијата и морковот (исечкан на коцки) околу 15мин.
Се цеди водата и се оставаат состојките да се оладат.
Се додаваат сечканите кисели краставички и мајонезот и се промешуваат. Се додаваат и зачините и се сервира со маслинки.
На здравје!