Испечати

Посни запечени палачинки на мој начин

Посни запечени палачинки на мој начин

Состојки

  • за палачинките,..
  • 500гр. брашно
  • 1 литар минерална вода
  • на врв лажиче сол и шеќер
  • 1/8 лажиче печиво
  • за фил
  • 700-80 гр. мелени ореви
  • 300гр. печурки - кесичка
  • 1 кесичка сенф
  • 16 лажици крем чорба
  • 2-3 лажици масло

Подготовка

На темата палачинки еве уште еден предлог -посен, па можеби некому ќе го обогати менито во тековниве пости.
Состојките за палачинки се ставаат во сад се мешаат добро со рачна мешалка, нека отстојат 40 минути, после на тавче за палачинки печете од двете страни.

За филот подготвив густа крем чорба, од компир(2), моркови(2), пашканат(1/2) и целер(1/8), додавате зачини на вкус и се вари зеленчукот во вода околу 1 кг. Се поминува низ пасер-има многу рецепти поставени за крем чорби низ страницава па одберете која ви душа сака...затоа да не се повторувам накратко споменав за мојата верзија.

Искрено на почеток не ни знаев дека ќе ми падни вакво нешто на ум, крем чорбата ја спремав како дел од секојдневниот оброк, палачинки бев зафатила од сабајлечки и ете ги полнети,потпечени,вкусни. Врз секоја палачинка нанесете орев мелен онака не мерено по вкус(прилог слики) по 2 супени лажици крем чорба, сечкани печурки, малку сенф и завиткајте како да правите пирошки од нив.
Огноотпорен сад се премачкува масло, се редат една до друга, најгоре се полеваат со 4-5 лажици крем чорба и една лажица сенф измешани заедно, малку масло и се ставаат во рерна да се потпечат на 200, тоа ќе трае добри 20 мин. Откако достигне таа температура, се оставаат да подоладат,ете толку.