Вкусни коцки на мој начин

Состојки
- 8 белки
 - 8 лажици шеќер
 - 3 лажици брашно
 - 100 гр потпечен сецкан лешник
 - 150 гр сецкани суви смокви
 - 100 гр сецкано црно чоколадо
 - 1 кора од еден портокал
 - фил
 - 500 мл млеко
 - 5 лажици густин
 - 5 лажици шеќер
 - 8 жолчки
 - 100 гр растопено чоколадо
 - 200 гр путер
 - глазура
 - 100 гр чоколадо
 - 100 гр шеќер во прав
 - 1 јајце
 - 100 гр маргарин
 
Подготовка
Се матат 8 белки со 8 лажици шеќер, се додаваат 3 лажици брашно, лешникот, смоквите, кората од портокал и сецканото чоколадо
 Се меша смесата и се истура во правоаголен плех врз мрсна хартија и се печи.
 Во тенџере на оган се ставаат млекото, густин, шеќер и жолчки и се меша до згуснување
 Се лади и му се додаваат изматениот путер и 100 гр растопено чокаладо.
 Со вака добиениот крем се филува испечената кора.
 На страна се топи 100 гр чоколадо, се трга од огнот и додека е млако се додаваат 100 гр шеќер во прав, една жолчка и 100 гр маргарин.
 Убаво се промешува и на крај се додава снег од една белка.
 Сето ова убаво се соединува и се покриваат коцките.
 Колачот се сечи на коцки и се декорира со парче портокал.