Испечати

Полулиснати благи кифли

Полулиснати благи кифли

Состојки

  • За тесто
  • 1 кг брашно
  • 250 мл млеко (топло)
  • 50 мл масло за јадење
  • 2 лажици шеќер
  • прстофат сол
  • 150 мл кисело млеко
  • 1 квасец
  • 2 јајца (без 1 жолчка- таа останува за премачкување на кифлите озгора)
  • по потреба млака вода
  • За филување
  • малку мармалад од кајсии
  • малку џем од црни сливи
  • малку еуро крем
  • 250 гр маргарин растопен или омекнат

Подготовка

1. Квасецот се остава да нарасне со малку топло млеко и шеќер.
2. Од брашното, сите останати состојки и стасаниот квасец се замесуваат во меко тесто.
3. Без да се остава тестото да нарасне веднаш се дели тестото на 8 топчиња кои се расуукуваат во мали корички.
4. Секоја коричка се премачкува со маргарин и се редат една врз друга. Последната останува не премачкана со маргарин
5. Се рассукува голема кора и се сече на траголници (големина по желба)
6. Секој дел се филува по желба со крем, мармалад од кајсии или џем од црни сливи)
7. Се виткаат кифлички
8. Се редат во намрсена тава со маргарин и се оставаат околу 1 час да нараснат.
9. Пред да се печат се премачкуваат со жолчката, се посипува секоја кифла со сусам и се пече на 180 С околу 20 мин