Свинско со праз
Состојки
- 350 гр свинско месо
- 4 страка праз
- 5-6 млади кромидчиња
- по потреба масло за јадење
- 1 лажица мешан зачин
- 1 лажиче јадра сол
- малку црн бибер
Подготовка
1. Месото се сечка на помали парченца
2. Се пропржуваат на огин
3. Се зачинува месото
4. Се вади испрженото месо од тавата во една чинија настрана
5. Празот и кромидчињата ситно се дробат
6. Се пропржуваат на огин да омекнат во истата тава и истото масло за јадење во кое претходно се пржеше месото
7. На крајот откако ќе омекне празот се враќа и месото назад во тавата кај празот и се меша се заедно
8. Во мали земјени тавички се истура смесата и се става во рерна да се потпече околу 20-тина минути