Испечати

Посна сарма на мој начин

Посна сарма на мој начин

Состојки

  • За фил
  • 3 страка праз
  • 100-150 гр ориз
  • 30-40 гр соини трошки
  • 50-70 гр мелени ореви
  • по потреба масло за јадење
  • малку црн бибер
  • малку црвен пипер
  • малку јадра сол
  • малку мешан зачин
  • неколку ловорови лист
  • 150-200 мл расолница
  • листови од кисела зелка (стасана во расолница)

Подготовка

Подготовка
1. Празот се пропржува на малку масло
2. Се додава оризот и сојата која претходно е оставена малку да откисне во малку вода
3. Се пропржува, се зачинува со црн бибер, сол и зачин и се додава малку вода да прокрчка додека оризот се набабри, односно додека се свари
4. Се додава на крајот малку црвен пипер
5. Листовите од зелка се сечкаат на помали парчиња
6. Секое ливче се полни со филот и се витка сармичка
7. Се реди во едно тенџере на дното листови од зелката и врз нив се редат сармичките во неколку реда
8. Секој ред се посипува со срвен пипер и малку зачин и масло за јадење
9. Се става расолницата, се дополнува тенџерето со вода, се ставаат неколку ловорови листови и се поклопува тенџерето со една чинија за да не летнат сармичките нагоре, се затвара со капак и се вари речиси околу 2 часа на тивок огин
10. На крај во едно тавче се зоврива масло за јадење и малку црвен пипер и со него се попарува, односно се запржува сармата