Испечати

Полутегнати сарајленца (може и посни)

Полутегнати сарајленца (може и посни)

Состојки

  • За тестото
  • 1/2 квасец
  • 50-60 мл масло за јадење
  • 1/2 лажиче сол
  • прстофат шеќер
  • неколку капки оцет
  • по потреба млака вода (окулу 250 - 300мл)
  • 600 гр (околу) брашно
  • За фил
  • за пропржување масло за јадење
  • по потреба/желба фил праз, кромид, урда

Подготовка

Подготовка на тестото
1. Со малку топла вода и малку шеќер се остава квасецот да нарасне
2. Во сад се става брашното со сите останати состојки и се замесува кога ќе се додаде и квасецот
3. Се дели тестото на 8 делови
4. Од секој дел се расукува кора
5. Секоја кора се растегнува со рацете, префрлувајќи ја со кратки движења од едната во другата рака и при тоа растегнувајќи ја
Секоја кора се попрскува со филот( или зелен фил или урда) и се витка во ролат а потоа се витка како полжавче

1. ФИЛ - На масло за јадење се пропржува кромидот и празот да омекнат
2. ФИЛ - урда и пиперки од урдата

6. Се редат сарајленцата во намрсена тава со масло за јадење
7. Се оставаат да нараснат
8. Се печат во рерна на 180 С
9. Се служат со сирење и кисело млеко или павлака( или зелен фил или урда)