Посен кекс со суво овошје
Состојки
- 2 чаши брашно
- 1 чаша шеќер
- 1 пециво
- 1 чаша газиран сок од портокал
- 1 филџан масло ( 75 мл.)
- 100 грама сецкани урми
- 100 грама сецкани смокви
- 100 грама сецкани ореви
Подготовка
1. Сецканото овошје и оревите ги мешаме со две лажици брашно, потоа ги додаваме во брашното, пецивото и шеќерот убаво мешаме со дрвена лажица, на крај ги додаваме сокот и маслото и убаво мешаме.
2. Печеме во ребраст калап обложен со хартија на 180 степени 30 минути.
Забелешка - чаша е 2 дл.