Палачинки Капина крем и Банана сплит
Состојки
- 2 јајца
- 1/2 лажица шеќер
- прстофат сол
- 1/2 лажиче прашок за печиво
- 50 мл масло за јадење
- 100 мл млеко
- 250 гр брашно (отприлика)
- по потреба брашно
- За Капина кремот
- 450 мл млеко (може и сок од капини)
- 6 лажици шеќер
- 1 пакетче прашок за пудинг
- 100 гр маргарин
- по потреба капини (свежи или од компот)
- За сирупот од капини
- 100 мл сок од капини
- 6-7 лажици шеќер
- 1 пакетче ванилин шеќер
- За Банана сплит филот
- по потреба еуро крем (црно и бело)
- по потреба банани
- по потреба сечкани ореви
- За палачинки со џем од смокви
- по потреба домашен џем од смокви
- по потреба ситно сечкани ореви
Подготовка
Подготовка на палачинките
1. Јас во блендер ги матам јајцата со шеќерот, солта, млекото, маслото за јадење и на крај ги додавам водата и брашното (за брашното количината е отприлика)
2. На загреано тавче за палачинки, со една капка масло ги пржам палачинките
3. Мене ми излегоа 17 палачинки тeнки. Секоја одделно ја филував -пола од палачинките со едниот, а пола со другиот фил.
Подготовка на филот за ,,Капина крем палачинките,,
1. Пудингот го растварам во 50 мл млако
2. Остатокот од млекото (400мл) го загревам со шеќерот и во него го истурам растворениот пудинг
3. Откако ќе се излади пудингот, во него го додавам претходно изматениот маргарин
4. Со овој фил ги премачкувам палачинките и врз него редам неколку капини (свежи во лето, а во зимо ги користам од компот). Ова го правам и со јагоди.
5. Сокот од капинки(100 гр) го варам 15 мин на огин и во него додавам 2-3 лажици шеќер и од него станува густ сируп со кои ги преливам палачинките
,,Банана сплит палачинки,,
6. Останатите палачинки ги премачувам со еуро крем (црн и бел дел од него) и редам половинки или четвртинки сечена банана по должина. На едните палачинки ставам и ситно сечкани ореви, а на едните не, бидејќи ќерка ми не сака ореви во нив.
7. Декорирам со чоколаден прелив, а понекогаш и прав шеќер и шлаг
Палачинки со џем од смокви и ореви
8. Некои од палачинките ги филував со домашен џем од смокви и ситно сечкани ореви